ХЕРОЈ НА ДЕНОТ: Баба Елена од Прилеп на 85 години ја победи короната (ФОТО)

by Тони Зографски

Елена Макалоска е најстариот пациент од коронавирус во земјава кој успеа да се избори со болеста.

Од Општата болница “Борка Талески” во Прилеп на својот Фејсбук профил објавија дека е излекувана најстарата пациентка од коронавирус во нивното инфективно одделение.

“Денес имаме и причина за славење. Најстариот излекуван пациент од Covid 19 во нашето инфективно одделение. 85-годишната Елена Макалоска пресреќна посака да се фотографира со дел од нашиот персонал”, пишува во објавата на Фејсбук.

останати вести