Хајди Клум изгледаше како да е сосема гола на црвениот тепих (ФОТО)

by Тони Зографски

Хајди Клум синоќа на доделувањето на Греми наградите покажа како навистина изгледа кога на црвениот тепих ќе се појавите во пластично барби издание.

Таа издоминира, благодарение на кожениот фустан во боја на кожа, со потписот на Марина Хоермансдер, во кој едвај се движеше.

Со ситни чекори, Хајди полека, полека стигаше до целта, како и до новинарите кои со нетрпение ја очекуваа нејзината изјава.

Инаку фустанот е изработен од лакирана кожа и од страните наместо со рабови беше прикачен со ременчиња, а во него поранешниот модел на Victoria’s Secret изгледаше како да е сосема гола,.

останати вести