“ХАРИ ФРЛИ АТОМСКА БОМБА И ГО РАЗНЕСЕ СЕМЕЈСТВОТО“: Кралицата во шок по интервјуто кај Опра Винфри (ФОТО)

by Тони Зографски

Британското кралско семејство сеуште не може да се соземе по интервјуто на принцот Хари и Меган Маркл кај Опра Винфри во кое  беше ибвинето за расизам, злоставување и гушење на основните слободи.

Спрема наводите на “Дејли мејл“, самата кралица се сложила со констатацијата дека “ Хари фрлил атомска бомба на семејството и го разнел на парампарчиња“.

-Бакингемската палата е буквално парализирана од ужасот и запрепастена откако Хари со интервјуто фрли атомска бомба на кралското семејство. Кралицата Елизабета, принцот Чарлс и принцот Вилијам се затворени во своите одаи на кризни состаноци кои ги закажала кралицата, се со цел да се договорат како да реагираат на обвиненијата кој ги изнеле Хари и Меган – наведувал Дејли мејл кој е промонарихистички настроен весник.

Според извори блиски до палатата, расположението во кралскиот двор е мешавина на “интензивен личен шок и тага“, бидејќи принцот, како што велата “го притиснал нуклеарното копче против сопственото семејство“. Исто така, добро упатени извори велат дека кај припадниците на кралското семејство се чувствува општо неверување и збунетост.

 

останати вести

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com