Актерката Хали Бери е доста отворена за својот сексуален живот, а неодамна лансираше бренд наречен Respin Health кој се фокусира на „редефинирање на менопаузата и долговечноста“. Меѓу производите што ги продава нејзиниот бренд е гел дизајниран да „зголеми интимност“.
Таа го промовираше истиот гел во бизарно видео што го објави на социјалните мрежи. Таа го објави видеото на Денот на мајките, а го сними во кревет со своето момче Ван Хант. Двојката, судејќи според снимката, не носела никаква облека и се криела под покривките.
„Ви покажав како ми започна денот, или поточно како ми започна Денот на мајките. Сега нема да ви покажам, но ќе ви кажам како ќе заврши Денот на мајките“, рече таа низ смеа, а потоа се сврте кон својот партнер кој ѝ рече да „побрза“ со видеото.
Потоа таа откри дека го донеле гелот од нејзиниот бренд во Кан и дека ќе го проба. Таа, исто така, им го честиташе Денот на мајките на своите придружнички и рече дека се надева оти и тие се забавувале. Нејзиното момче на крајот од видеото додаде дека никогаш не бил посреќен што Денот на мајките завршил.
Некои рекоа дека актерката никогаш не изгледала посреќно и дека изгледа дека го живее својот „најдобар живот“.