Фронтменот на „Колдплеј“, Крис Мартин, пропадна во дупка на бината за време на концерт (ВИДЕО)

by Тони Зографски

Крис Мартин, фронтменот на Coldplay, паднал во дупка на сцената додека настапуваше со бендот во Мелбурн.

Мартин и се обраќаше на публиката и одеше наназад, кога падна во голема дупка на бината.

Видеото од неговиот пад стана вирално на социјалните мрежи. Внатре во отворот стоел член на персоналот кој го фатил пејачот.

„Ова не беше планирано. Ви благодариме што ме фативте“, рече Крис.

„Тоа беше речиси момент за на YouTube“, додаде тој. Крис брзо излезе од дупката и не беше повреден.

https://twitter.com/i/status/1853026609575661708

 

останати вести