Фотографијата на морбидно дебелиот рапер и неговата девојка се шири на социјалните мрежи

by Тони Зографски

Фотографијата на раперот Дејв Блантс кој има 226 килограми и неговата девојка стана вирална на социјалните мрежи откако 23-годишникот се појави со кислородна маска на неговиот последен настап.

Блантс беше еден од изведувачите на четвртата манифестација „JUICE WRLD DAY“ организирана во спомен на починатиот рапер, кој почина на 21-годишна возраст на 8 декември 2019 година.

Меѓутоа, во центарот на вниманието беше токму Блантс, кој предизвика голем број коментари бидејќи настапуваше седејќи и притоа носеше кислородна маска.

По настапот, Блантс позираше со неговата девојка Изабела која му се придружи на сцената, а фотографијата брзо предизвика лавина реакции на социјалните мрежи и загриженост за здравјето на морбидно дебелиот рапер.

Во објава на социјалните мрежи, раперот ја сподели споменатата фотографија со опис: „Јас и мојата девојка против светот“.

 

Неговиот настап се одржа само седум дена откако беше хоспитализиран поради непозната болест. На 23 ноември, тој сподели на Инстаграм дека „одмора и оздравел“ откако побарал лекарска помош.

останати вести