ФОТКА ШТО ГО ОБИКОЛИ СВЕТОТ: Бебе доби автограм од Ѓоковиќ пред да се роди (ФОТО и ВИДЕО)

by Тони Зографски

По освојувањето на Австралијан опен, Новак Ѓоковиќ решил да прошета на плажата Брајтон и да изненади многу фанови кои биле таму. Се разбира, никој не очекувал да се сретне со светскиот рекет број еден среде плажа во Мелбурн, а реакциите биле различни.

Меѓу најинтересните секако била реакцијата на една бремена жена, која го замолила Ѓоковиќ да и даде автограм, односно да се потпише на нејзиниот стомак.

Мајката сигурно ќе има што да му раскажува на бебето кога малку ќе порасне бидејќи не многу луѓе можат да се пофалат дека го добиле автограмот на Ѓоковиќ дури и пред раѓањето.

На крајот бебето доби и бакнеж од татко му.

https://twitter.com/i/status/1363667958262767616

останати вести