Украдени 230 килограми кашкавал од камион

by Тони Зографски

Во западногерманската покраина Сар од камион паркиран на автопат на место за одмор украдени се 230 килограми кашкавал.

Крадците успеале да го украдат холандскиот кашкавал едамер за време на викендот.

Нејасно е како на прометно место незабележително е ограбен камионот со кашкавал.

Полицијата не знае колку е вкупната вредност на украдениот производ.

Камиони потешки од 7,5 тони не смеат да се движат по германските автопатишта во недела. Често, возачите се принудени да го прекинат возењето и да паркираат на места за одмор.

останати вести

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com