УКРАДЕН НАКИТОТ И СИТЕ ВРЕДНИ РАБОТИ: Маскирани разбојници ја ограбиле Северина

by Тони Зографски

Двајца маскирани разбојници влегле во станот на Северина, кој се наоѓа во Загреб. Разбојниците наводно ги однеле накитот и сите вредни работи од станот. Во станот била само домашната помошничка која не е повредена.

Синоќа до касно во ноќта пред станот на пејачката имало дури шест полициски возила и вриело од полиција.

Нејзиното соседство инаку е покриено со разни камери, а едната е сместена во куќата преку улицата под чудни околности.

Полицијата не можела да го квалификува случајот како разбојништво или напад врз имот.

ФОТО: 24sata.hr

останати вести