УЖАСНА СНИМКА ОД ЊУЈОРК: Со вилушкар ги товараат починатите од коронавирус во ладилници (ВИДЕО)

by Тони Зографски

Америка стана земја со најголем број на заболени од коронавирусот во светот, со над 145.000 потврдени случаи, додека бројот на жртвите порасна на 2.600.

Една ужасна снимка од болницата во Бруклин покажува колку ситуацијата е сериозна.

Имено, вилушкар ги превезува телата на починатите, а потоа ги става во камион – ладилник кој ги носи понатаму.
Цело време додека трае снимката, се слуша маж, автор на видеото како повторува: „ова е вистинско“, „прифатете го ова сериозно, останете дома“, додека телата ги возат низ улицата.

„Точно овде во Бруклин, пред болницата, ова е вистинско“, рече тој.

Градските болници во Њујорк поставија мртовечници пред установите за да се изборат со големиот број жртви на пандемијата која тешко ја погоди метрополата.

На уште една снимка се гледаат тела пред болница, кои треба да ги натоварат во камиони.

https://twitter.com/i/status/1244375065338228738

Инаку, во Њујорк болниците се толку оптоварени, што во њујоршкото пристаниште пристигна брод – болница, за да ги згрижи пациентите кои не се лекуваат од коронавирусот, зошто повеќето болници сега се фокусирани само на пациентите заразени од коронавирусот.

останати вести

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com