УЖАС ВО БОСНА: Човек се самозапали на паркинг, огнот зафатил и полицаец кој дошол да помогне

by Тони Зографски

Во местото Било кај босанското гратче Витез утринава при интервенција на полицијата млад човек се самозапалил и притоа запалил полицаец, јавуваат локалните медиуми. И двајцата се здобиле со изгореници.

Г.Б.(32) се посипал со запалива течност на паркингот на ресторан во селото, а кога полицаецот му пришол и се обидел да го спречи, го посипал и него, по што ја чкрапнал запалката, објави порталот „Аваз“.

Двајцата се здобиле со тешки изгореници и биле пренесени во болница.

По инцидентот, Г. Б. бил уапсен и против него се преземаат мерки и дејствија пропишани со закон, изјави за „Аваз“ Хасан Хоџиќ, портпарол на МВР на Централнобосанскиот кантон.

останати вести