УЖАС: Бугарски олимпиец пронајден со прострелна рана и пиштол до него

by Тони Зографски

Поранешниот европски шампион во биатлон, бугарскиот олимпиец во овој спорт, Красимир Анев е во кома, откако во својот стан бил пронајден со прострелна рана во пределот на стомакот и пиштол оставен покрај него.

Бугарските медиуми јавуваат дека овој инцидент се случил пред шест дена. Анев е пронајден во месноста Дренов Док, кај Ќустендил во југозападна Бугарија.

Како дошло до настанот не е познато, а Анев се уште е во животна опасност.

Инаку, тој е еден од најуспешните биатлонци во Бугарија. Учествувал на три Зимски олимписки игри и 11 пати на Светските првенства.

останати вести

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com