УБИСТВО ВО КОЧАНИ: Жена со нож си го убила мажот

by Тони Зографски

Педеесет и петогодишна жена од Кочани по семејна расправија со нож го убила 61-годишниот сопруг. Убиството се случило утринава во дворот од семејната куќа на улицата „Климент Охридски” во Кочани.

Во тепачката меѓу сопружниците пред убиството сериозни повреди здобила и сопругата која со возила на Итна помош била пренесена во болница, но поради сериозноста на повредите таа е пренесена на скопските клиники.

Истражна полициска екипа и судија на претходна постапка прават увид, а подетални информации се очекуваат во текот на денот.

 

 

останати вести

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com