Трипати се нурна и се прекрсти: Путин го одбележа Богојавление (ФОТО и ВИДЕО)

by Тони Зографски

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, потврди дека Владимир Путин присуствувал на богојавленското капење.

„Владимир Путин, како и секоја година, традиционално се искапи. Богојавление е за него, како и за сите православни кои работат во Кремљ, голем празник. Тој обред многумина го почитуваат“, изјави Песков.

Снимката од богојавленското капење на Путин ја објави и директорот на Рускиот фонд за директни инвестиции и специјален пратеник на рускиот претседател за инвестиции и економска соработка со странство, Кирил Дмитриев, со порака: „приклучете ѝ се на Русија во борбата против станизмот“.

На снимката се гледа како Путин трипати нурнал во водата, а по секое нурнување се прекрстил. Потоа излегол од водата и го завршил обредот.

Како што рече Песков, многумина го почитуваат овој обред, но, секако, има и такви кои не го прават тоа.

„Станува збор за многу лична работа“, наведе Песков.

Освен Путин, по повод Богојавление во ледена вода се избања и претседателот на Белорусија, Александар Лукашенко.

останати вести