815
По 94 дена борба со короната, во болница во Њујорк, почина глумецот Ник Кордеро (41). Глумецот уште во март бил сместен на интензивна нега бидејќи имал воспалување на белите дробови, а во април бил во многу лоша состојба кога му била ампутирана и едната нога поради компликации.
Неговата сопруга, фитнес тренер и танчарка Аманда Клоутс, низ солзи ја објави веста на својот Инстаграм.
„Сега Бог има уште еден ангел на небото. Беше опкружен со љубов од семејството, пеејќи и се молел додека нежно ја напуштил оваа земја“. напиша Клоутс.
Двојката го имаше синот Елвис (1).
Инаку, Ник Кордеро беше звезда на многу бродвејски престави, а повеќе пати бил номиниран за престижната награда “Тони“.
