ТРАГЕДИЈА: Цело шведско семејство загина во урнатиот украински авион (ФОТО)

by Тони Зографски

 Цело шведско семејство загина во падот на украинскиот авион во Техеран. Рахела (37) и Микаел (40) Линденбергс заедно со синовите Ерик (9) и Емил (7) загинаа во “Боингот 737“ кој се урна веднаш по полетувањето кон Киев од аеродромот во Техеран. Во авионот имало 167 патници и девет членови на екипажот. Во несреќата загинаа 82 Иранци и 63 Канаѓани, како и граѓани на Украина, Шведска, Авганистан, Германија и Велика Британија.

Особено шведската јавност е во тага поради смртта на семејството Линденбергс. Според фотографиите на социјалните мрежи се гледа дека семејството било многу поврзано, а особено потресно делува фотографијата од шестиот роденден на Емил во Барселона.

Инаку, во падот на украинскиот авион загинаа 15 деца.

 

останати вести

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com