ТРАГЕДИЈА: Починала двегодишната ќерка на американскиот пејач (ФОТО)

by Тони Зографски

Ќерката на американскиот кантри пејач и композитор Нед ЛеДукс, двегодишна ќерка Хевн трагично починала. Имено, девојчето се задушило во семејниот дом во северен Канзас. Итната помош пристигнала веднаш по повикот, но на малата Хевн веќе ѝ немало спас.

Нед и неговата сопруга Морган ја објавиле тажната вест на социјалните мрежи.

-Нед и Морган со голема тага ги информираат пријателите и обожавателите дека нивната двегодишна ќерка Хевн починала од последици од задушувањето на 20 октомври во нивниот дом. Семејството ЛеДукс ја цени вашата љубов и поддршка и моли за приватност,- стои во објавата на Нед на Фејсбук.

Освен Хевн, сопружниците го имаат и синот Брансон, а во брак се 11 години.

https://www.instagram.com/p/B2dPBVOlQdK/?utm_source=ig_web_button_share_sheet

останати вести