ТРАГЕДИЈА НА КРИТ: Србинка починала во хотел додека била на одмор со другарките

by Тони Зографски

Девојка од Србија на 32-годишна возраст починала на Крит за време на нејзиниот одмор.

Таа била на одмор со друштво.

Во саботата вечерта и се слошило и им рекла на пријателите дека повеќе би сакала да остане во хотелската соба за да се одмори.

Нејзините пријатели отишле на кафе, а кога се вратиле во собата ги дочекало трагедија – нивната пријателка била мртва, јавуваат грчките медиуми.

Била повикана брза помош, но било доцна. Трагедијата се случила околу 22 часот во хотел во Херсонисос.

Наредена е обдукција.

останати вести

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com