Трагедија во Тузла: Десет загинати во пожар во дом за стари лица, повеќе повредени

by Тони Зографски

Десет лица загинаа во трагичен пожар што избувна во дом за стари лица во Тузла. Пожарот се прошири на седмиот кат од зградата каде што беа сместени луѓето со попреченост во домот, објавува Кликс.ба.

Луѓето со попреченост не можеа да избегаатСпоред неофицијални информации, смртта на жртвите најверојатно се случила поради задушување. Големиот пожар се проширил на седмиот кат од зградата на домот за стари лица, каде што се наоѓале станови со лица со попреченост.https://www.youtube.com/embed/YBCjqfKdtyU

Петмина хоспитализирани, двајца во критична состојба

Според официјалните податоци од Универзитетскиот клинички центар во Тузла, пет лица се хоспитализирани по пожарот, а две од нив се на одделението за интензивна нега.

Кантоналната полиција извести дека пожарот е ставен под контрола во 22 часот. Точната причина за пожарот ќе се утврди со истрага.

останати вести

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com