Трагедија во Кисела Вода: Градежни работници затрупани при ископ на терен за нова зграда

by Тони Зографски

Тешка несреќа се случи утринава во скопската населба Кисела Вода, каде при ископ и подготовка на терен за изградба на нова станбена зграда, градежен материјал затрупа повеќе работници, објави Нетпресс.

Според првичните информации, станува збор за најмалку двајца работници кои се најдоа под земјата и отпадот. Еден од работниците веќе е изваден од местото на несреќата, додека потрагата по останатите затрупани лица е во тек.

Немилиот настан се случи на локација зад кафулето „Фејс“, во непосредна близина на паркот „Македонија“.

останати вести