Тешка сообраќајна несреќа во Скопје: Возилото смачкано и превртено на кров

by Тони Зографски

На улицата Скупи во близина на бензинаската пумпа на Макоил синоќа околу 21.30 часот се случи тешка сообраќајна несреќа. Во сударот на автомобил Мерцедес , кој се спуштал од патот кој оди од УХМР и возило Голф, кое се движело по улицата Скуп , Мерцедесот удрил во Голфот по што неколку пати се превртел, велат очевидци за Канал 5.

Возачот на Голфот е повреден и пренесен на клиниките, додека совозачот минал без повреди. Визилото е превртено на покрив и целосно уништено. Четирите лица кои се возеле во Мерцедесот се неповредени.

(фото: Канал 5)

останати вести