Тешка сообраќајна несреќа се случи ноќеска, околу 3:30 часот по полноќ, на автопатот Нови Сад – Белград, веднаш по наплатната рампа во насока кон Белград. Според информациите на РТС, комбе излетало од коловозот, ја пробило заштитната ограда и паднало во канал покрај патот.
На местото на несреќата интервенирале три екипи на Итната медицинска помош, кои постапиле со највисок степен на итност. За жал, едно дете родено во 2009 година починало на самото место од здобиените повреди.
Седум други деца, на возраст меѓу 2009 и 2012 година, се здобиле со сериозни повреди и биле итно пренесени во Детската болница во Нови Сад.
Возачот на комбето, маж роден во 1982 година, е тешко повреден и со повеќекратни повреди е хоспитализиран во Ургентниот центар на Клиничкиот центар на Војводина, потврдија од Институтот за итна медицина за РТС.
Причините за несреќата се сè уште непознати, а увид на местото извршила полицијата.
