ТЕЛОХРАНИТЕЛИ МИ ГИ ЧУВАА ГАЌИЧКИТЕ И ГРАДНИЦИТЕ: Клаудија Шифер се присети на деновите на слава (ФОТО)

by Тони Зографски

Најпознатата германска манекенка Клаудија Шифер за мајското издание на магазинот „Elle“ зборуваше за својата кариера која траеше дури три децении.

Клаудија откри дека живеела како рок ѕвезда, и дека дури и нејзината долна облека имала телохранители бидејќи често и ги краделе гаќичките и градниците.

-Мораа да ангажираат телохранители бидејќи често ми ги крадеа гаќичките и градниците – вели убавата Германка.

Оваа 49-годишна манекенка наведе дека била поинаква од останатите модели. Не разговарала многу со другите луѓе, па токму затоа многумина мислеле дека е арогантна, се присети таа. Исто така призна дека и при секое излегување на пистата била исклучително нервозна.

Бидејќи за неколку месеци полни 50 години, супермоделот изјави дека стареењето го смета за природен процес и дека не се плаши од тоа.

„Не мораат сите да ме нарекуваат убавица цел живот“, вели Клаудија Шифер.

останати вести