712
Морнари денеска пронашле тело на помлад маж во Дунав кај Ада Хуја, потврдиле службите за српскиот портал „Телеграф“.
Српските медиуми веќе на големо пишуваат, дека според сомнежите се работи за исчезнатиот Хрват, Матеј Периш.
Човекот на себе носел фармерки, маица со апликација и една бела патика.
Полицијата го извлекла телото, а на местото на настанот се и форензичари.
Младиот сплиќанец исчезна ноќта меѓу 30 и 31 декември.
Според сведоштвата, тогаш тој го напуштил клубот „Готик“ и оттогаш му се губи секоја трага.
Неговото исчезнување во полиција го пријавиле пријателите кои биле со него ноќта и оттогаш се води интензивна потрага.