Тел Авив под удар: Ирански ракети предизвикаа штети и паника – објавени снимки од разурнати згради (ВИДЕО)

by Тони Зографски

Воената ескалација меѓу Иран и Израел доби нова драматична димензија кога Иран започна масовен ракетен и дронски напад врз Израел, во знак на одмазда за претходните напади врз иранска територија.

Првите видеа од Тел Авив покажуваат горливи сцени – згради во пламен, уништена инфраструктура и чад што се издигнува над градот. Една од ракетите, според видеата објавени на социјалните мрежи, директно ја погодила зграда во центарот на градот, веднаш предизвикувајќи пожар. Друга снимка открива речиси целосно срушена структура, со оштетувања на околните улици и објекти.

Израелската воздушна одбрана пресретнала значителен дел од проектилите, но дел сепак успеале да продрат и да направат материјална штета. Засега нема потврдени информации за човечки жртви.

Нападот доаѓа само неколку часа по јавниот говор на иранскиот врховен лидер Али Хамнеи, а иранските медиуми го нарекоа продолжение на воената операција „Искрено ветување 3“. Неофицијално, Израел бил погоден со околу 200 балистички ракети, а целите – според првичните анализи – биле лоцирани главно во централниот дел од земјата.

Во близина на зградата на Министерството за одбрана во Тел Авив е регистриран директен удар, но сè уште нема официјални информации за евентуални последици.

Покрај ракетите, Иран лансирал и дронови-камикази од типот „Шахед-136“, кои сѐ уште се очекува да пристигнат во израелскиот воздушен простор. Израелската армија е во состојба на целосна подготвеност, а според американски медиуми, САД дале логистичка и воена поддршка за пресретнување на проектилите.

останати вести

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com