Откако вчера на паркингот кај Железничката и автобуската станица му го кренаа такси возилото додека беше качен на автомобилот, Фатмир Џелили за ТВ Телма објаснува како се случил инцидентот.
Вели дека вработен од Градски паркинг го бркал иако местата за таксистите се зфатени од диви таканаречени цивилни возила.
Инаку, видеото како Џелили стои качен на автомобилот додека пајакот го крева неговото возило предизвика големи реакции.