ТАГА: 28-годишна девојка загина во земјотресот во БиХ (ФОТО)

by Тони Зографски

Во силниот земјотрес што синоќа го погоди поширокото подрачје на Херцеговина загина 28-годишната Елмира Сефо од Столац. Ова од Кантоналната болница го потврди д-р Сафет Мујиќ за порталот Аваз.

Според извештаите, девојката била донесена во болница без пулс, притисок и практично без знаци на живот. И покрај напорите на лекарите, реанимацијата не успеала во амбулантата или во болницата.

Нејзините родители и сестра се полесно повредени. Огромна карпа паднала врз нивната куќа во населбата Кукавац.

Како што јавува репортерот на „Аваз“ од местото на настанот, пред болницата се собрале роднините на семејството и медицинскиот персонал. Сите се во шок, занемени од тага.

Инаку, земјотресот беше почувствуван низ целата земја во Сараево, Мостар, Зеница, Требиње, Билеќа, Столац, Љубиње… Бројни граѓани на Требиње, Зеница и Сараево истрчаа на улиците.

Од силината на земјотресот се се тресело речиси една минута, а граѓаните кои живеат на повисоките катови пријавиле дека паѓале работи врз нив.

 

останати вести

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com