Емили Ратајковски повторно ги вжешти социјалните мрежи со серија објави на кои позира во бикини, но и во впечатливи модни комбинации. На Емили не ѝ е потребно многу за да предизвика лавина од реакции.
Додека ужива на грчкиот остров Сифнос, таа позираше во бикини и во впечатлив црвен мрежест фустан кој привлекол големо внимание на нејзините следбеници.
На речиси секоја објава акцентот е ставен на нејзиниот моден стил и изглед, што не е изненадување кога станува збор за една од најпознатите светски манекенки. Емили објави и нови фотографии со препознатливите пози кои со текот на времето станаа дел од нејзиниот заштитен знак.