СТРАШНИ СЦЕНИ ОД КИНА: Луѓето паѓаат како покосени од коронавирусот (ВИДЕО)

by Тони Зографски

Страшните сцени од Кина ги преплавиле социјалните мрежи. Луѓето поради новиот коронавирус паѓаат како покосени на улиците. Слични сцени се забележани и во некои болници.

Инаку, коронавирусот пристигна и во Европа. Британските медиуми пренесуваат дека најверојатно корона вирусот стигнал во Велика Британија, каде четворица кинески патници се сместени во болница во Шкотска со симптоми слични на грип.

Бројот на заразени од новиот тип на коронавриус во централна Кина се зголеми на 830, а досега умреа 25 лица, објавија државните кинески медиуми. Истовремено, кинеската провинција Хубеи, во која вирусот се појави, побара поголема финансиска помош од државните власти. Засега во 10 градови на провинцијата Хубеи е суспендиран јавниот транспорт.

Градот Вухан забрзано гради нов стационар со илјада кревети за заболените, мобилизирајќи механизација од страна на приватниците.

https://twitter.com/i/status/1220255265125105664

останати вести

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com