Познати како „Оскари на модата“, модните награди се еден од најважните настани во светот на модата. Елитата на модниот свет секоја година пристигнува во „Royal Albert Hall“ за да ги препознае најистакнатите дизајнери и креативци од изминативе години.

Меѓу гостите била и Мора Хигинс, ѕвезда на реалити ТВ-емисијата „Остров на љубовта“ која блескала на црвениот тепих во ансамбл инспириран од долна облека со впечатливи детали од модната куќа „Robert Wun“.
Мора, која ја нарекуваат и „најзгодната жена во Велика Британија“ и тоа со причина, ги покажала своите извајани стомачни мускули кои станале главна тема на разговор на социјалните мрежи.
Хигинс носела сатенски горен дел којшто стратешки ги покривал само интимните делови и долго здолниште со исклучително низок струк и интересни детали.

Ексцентричната комбинација ја надополнила со ракавици и впечатлив шешир, како и вртоглаво високи потпетици.
Овој стил е само продолжение на низата импресивни изданија на Мора Хигинс. Ѕвездата е позната по елегантната силуета и впечатливите додатоци, а изборот на шешир се покажал како полн погодок со оглед на врнежливото и ветровито време на црвениот тепих.





