„Среќен роденден, љубов моја“: Џенифер Анистон конечно го покажа момчето (ФОТО)

by Тони Зографски

Холивудската актерка Џенифер Анистон ја објави својата прва фотографија со своето момче Џим Кертис за неговиот роденден.

Двојката првично одби да коментира за деталите од нивната врска, но од нивните лица беше јасно колку се заљубени. Дека ова е вистина сведочи и најновиот потег на Анистон, која ја објави својата прва заедничка фотографија на Инстаграм и му посака среќен роденден на Кертис.

„Среќен роденден, љубов моја“, напиша таа под објавата.

Претходно, во серија фотографии посветени на летото, актерката објави и една со Кертис, но овој пат, и таа е на фотографијата.

Романсата меѓу Џенифер и Џим наводно трае од август, кога биле забележани на одмор и ручање заедно со нејзината блиска пријателка Кортни Кокс.

Во една од нејзините летни објави, актерката објави серија фотографии со натпис „Ти благодарам лето“, а внимателните обожаватели не ја пропуштија снимката на која се гледа задниот дел од главата на мистериозниот маж.

Потоа коментарите ги преплавија мрежите: – Заслужуваш среќа, Џен!

Потоа двајцата беа фотографирани на јахта покрај брегот на Мајорка, во друштво на Џејсон Бејтман и неговата сопруга Аманда Анка, што само ги поттикна шпекулациите.

Конечната потврда дојде кога Џим се појави на 10 септември на премиерата на новата сезона на „Утринското шоу“ за да ја поддржи Џенифер, сега официјално негова партнерка.

останати вести

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com