СПЕКТАКЛ НА САН РЕМО: Дуетот Михајловиќ – Ибрахимовиќ повеќе се смееше отколку што пееше (ВИДЕО)

by Тони Зографски

Српската легенда Синиша Михајловиќ и шведската суперѕвезда Златан Ибрахимовиќ синоќа се појавија во едно поинакво светло, настрана од фудбалските терени, па на најголемиот италијански музички фестивал Сан Ремо – запеаа.

Михајловиќ и Ибрахимовиќ во дует отпеаа хит стар пола век, „Вагабондо“, со помош на водителите на ултрапопуларниот фестивал, кој се одржува по 71. пат. Двете фудбалски ѕвезди повеќе се смееа, одошто пееа, малку повеќе во елемент беше Михајловиќ, но оставија добар впечаток за да ја насмеат Италија, но и да ги соберат аплаузите.

Пред настапот, Ибрахимовиќ и Михајловиќ раскажаа некои етапи од нивните долги кариери.

„Секогаш доаѓаше прв на тренинг, тренираше во теретана, беше поспремен од сите нас. Шутираше слободни удари како ние пенали, или подобро како моите пенали порано“, рече Швеѓанецот со босанско потекло.

Се надоврза Синиша кој го пецна другар му.

„Некој игра, некој победува. Он е прав гладијатор, пример за храброст, ама јас имам нешто што тој нема. Лига на шампиони“. „Има време“, додаде Златан.

Инаку, според договорот, Ибрахимовиќ најверојатно ќе добие по 50.000 евра за секоја вечер на Сан Ремо и решил сите собрани средства да ги донира во хуманитарни цели.

останати вести