Модната недела во Париз собра бројни ѕвезди од светот на шоубизнисот, а Софија Вергара исто така ја искористи можноста да блесне на големиот моден настан. Според медиумите, актерката присуствувала на вечерната забава на брендот „BVLGARI“ и за таа пригода носела добро проверена комбинација.
Таа избрала фустан со струк и прерамки, кој е украсен со интересни, златни детали и кој ги истакнува нејзината витка фигура и прекрасни облини. Сепак, акцентот, како и многу пати досега, бил на градите кои се „заканувале“ да испаднат од горниот дел.
Стајлингот го надополнила со високи потпетици – вртоглаво високи потпетици со платформа, но и намалени модни додатоци, дијамантска огрлица во форма на змија од брендот„BVLGARI“.

Косата ја оставила слободно да паѓа по грбот, а за шминката носела голи тонови кои ја нагласувале нејзината природна убавина и таа препознатлива сексапилност на огнените колумбиски жени.
