Сопругата на Бруклин Бекам гола?! (ФОТО)

by Тони Зографски

Семејството Бекам е мета на странските медиуми веќе долго време, а сето тоа секако е поради бројните скандали вокои дел од нив учествуваат.

Сега на тапет е синот Бруклин и неговата сопруга Никола.

Целата драма со нив започна со одлуката на Бруклин да се оддалечи од своите родители – Дејвид Бекам и Викторија Бекам, кои, според извори блиски до него, емоционално го злоставувале додека растел.

За да биде уште полошо, се појавија некои незгодни информации, или поточно, детали од свадбата на Никола и Бруклин.

Наводно, мама Викторија го украла „првиот танц“ од својот син и неговата сопруга, што ја натерало манекенката да избега од собата во солзи.

Сега јавноста е преокупирана со фотката на голата Никола Бекам.

Имено, Никола неодамна објави компилација од атрактивни фотографии на мрежите, а онаа на која позира гола во када привлече посебно внимание.

Објавата предизвика голем број реакции и коментари, а набрзо го дознавме и името на авторот на ова „уметничко дело“. Станува збор за нејзиниот сопруг – Бруклин Бекам.

„Ја фотографирав онаа во бањата“, напиша кратко.

останати вести

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com