СО МАЛА ЗАБАВА: Се ожени Димче Арсовски потпаролот на ВМРО – ДПМНЕ (ФОТО)

by Тони Зографски

Откако на почетокот на годината ја побара својата девојка за жена, потпаролот на ВМРО – ДПМНЕ, Димче Арсовски  сега, и официјално стапи во брак со Соња Тодорова.

Тие склучија граѓански брак и направија мала забава.

Претходно, Димче сподели среќна вест, неговата избраничка ќе му подари наследник.

Инаку, вереницата на Димче, Соња Тодорова по потекло е од Струмица, но веќе неколку години живее и работи во Скопје. Таа е сопственик на маркетинг агенција.

останати вести