СЛАВНИОТ ГОТВАЧ ЗАБЕГА СО ЦЕНИТЕ: 2 јајца, колбас и сланина за 20 евра (ВИДЕО)

by Тони Зографски

Познатиот готвач и телевизиска sвезда, Гордон Ремзи во септември го збогати менито во неговиот луксузен ресторан во Лондон со „класичен англиски појадок“.

Сепак, повеќето гости беа разочарани од овој традиционален специјалитет – тие беа непријатно изненадени од недостатокот на одредена храна, големината на порцијата, но и цената! Имено, овој обичен појадок чини дури 19 фунти (околу 1.300 денари).

За тие пари, ќе изедете две јајца, една колбасица, малку сланина,  домат на скара, печурки и мал сос направен од печен грав. Сега тој конечно реши да зборува за овој оброк што чини како „суво злато“.

– Цврсто стојам зад него. Се колнам во него. Лесно би го избрал за последниот оброк. Ова е вистински англиски појадок збогатен со печен грав – истакна славниот готвач.

Тој додаде дека тие се оние кои го критикуваат појадокот, а не избра зборови за луѓето на кои им пречи цената.

– Знаете што? Ако сте загрижени за цената, тогаш не можете да си дозволите појадок – додаде тој.

Ремзи не се двоумеше да одговори на оние што му испратија фотографии од англиски појадок од други ресторани – далеку побогати и поевтини. Тој едноставно одговори: – Јас го нарекувам класичен англиски срцев удар.

останати вести

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com