СИТЕ ЌЕ МОРААТ ДА ЗНАА АНГЛИСКИ И ДА БИДАТ КВАЛИФИКУВАНИ: Британците не сакаат евтина работна сила

by Тони Зографски

Иако интересот за работа во Велика Британија не и толку голем како во Германија или Австрија, се чини дека на Британците тоа не им е важно.

Имено, британската министерка за внатрешна работи Прити Пател изјави дека Велика Британија повеќе нема да прими нискоквалификувана работна сила. Таа додала дека ќе воведе ригорозни критериуми и за други прашања,  а за “Сан“ изјавила дека новиот емиграционен систем ќе го прекине внесување на евтина и нискоквалификувана работна сила.

-Сите квалификувани работници ќе треба да се изборат за правото да работат во Велика Британија, односно, ќе мораат да знаат англиски, и ќе мора да приложат понуда со висина на платата од фирмата која ќе ги ангажира – истакнала министерката Прити Пател.

Инаку, Британија ја напушти Европската унија на крајот на јануари, а транзитниот период ќе трае до 31 декември.

 

останати вести

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com