“СИГУРЕН СУМ ДЕКА ОВА ЌЕ ПОТРАЕ“: Игор Џамбазов откри како ја “фатил“ Илина Арсова

by Тони Зографски

Игор Џамбазов во интервју за „Бекстејџ“ зборуваше за љубовта со алпинистката Илина Арсова.

За време на разговорот, Џамбазов откри како се запознале со Илина и како почнала нивната љубовна врска.

-Се запознавме уште пред пет години, преку наши заеднички пријатели во Охрид. Го побарав од нив нејзиниот број и ѝ се јавив. Ѝ се претставив и ѝ кажав, сите сакаат да се запознаат со мене, а еве јас сакам да те запознаам тебе. Потоа се видовме, неколку дена се дружевме и јас променив локација. По неколку месеци ми се случи првиот здравстен крах, бев во болница и добив неколку поддржувачки пораки од неа. Се немавме видено долго време, сè додека не почна карантинот. Се сретнавме во Дојран, а после тоа сè е историја – раскажа Џамбазов и додаде дека врската со Илина е сериозна.

– Не сакаме да носиме избрзани одлуки, ќе оставиме на времето, спонтано сè нека се случува. Сепак, сигурен сум дека ова ќе потрае – вели Џамбазов.

останати вести