895
Фудбалскиот клуб Сеул од Јужна Кореја се извини на јавноста откако празните трибини ги пополни со секси кукли на надување на мечот со Гванџи.
Поради коронавирусот на навивачите им е забрането влез на стадионите и еден од најдобрите корејски клубови се снашол на интересен начин како да ги пополни трибините. Имено, управата купила секси кукли на надување.
Откако фотките од трибините пополнети со кукли се појавија на социјалните мрежи имаше лавини од коментари против Сеул.
Управата на клубот се правдаше дека биле нарачани пластични кукли кои се користат по бутиците, но дистрибутерот по грешка им донел секси кукли.
Во секој случај со овој потег Сеул стигна до светска слава.



