Северина падна на бина на концертот во Загреб, па прсна во смеа (ВИДЕО)

by Тони Зографски

Хрватската пејачка Северина во петокот го одржа првиот од двата закажани концерти во „Арена Загреб“, а на социјалните мрежи кружи видео каде пејачката паѓа на сцената во екстаза.

Имено, може да се види како скока на сцената со насмевка и држач за микрофон во рацете додека ја изведува песната „Tvoja prva djevojka“.

Сепак, набрзо се сопна и заврши на сите четири и накратко легна на сцената. Продолжи да пее, а потоа прсна во смеа.

Тоа не ја спречи пејачката да го продолжи својот настап во добра атмосфера, а публиката ја поддржа со аплауз.

„Ако паднеш, исправи ја круната и продолжи да чекориш. Така прават кралиците.“

„Што има врска што паднала? Таква кралица повеќе нема да се роди.“

„Жената ја „изеде“ бината, каква енергија!

останати вести

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com