СЕ ФАТИЛ ЗА ГРАДИТЕ, ПА ПАДНАЛ НА ЗЕМЈА: Ким Џонг Ун е во кома?

by Тони Зографски

Севернокорјскиот лидер Ким Џонг Ун е во кома откако во почетокот на април над него е извршна неуспешна операција на срцето, соопштил медицинскиот тим кој го лекува.

Јапонскиот неделник “Шукан Гендаи“ пишува дека дека во петокот медицински стручњак кој е дел од лекарскиот тим кој се грижи за здравјето на Ким Џонг Ун известил дека во текот на посетата на едно село, севернокорејскиот лидер се фатил за градите и паднал на земја. Веднаш му била направена ренимација и бил одведен во блиската болница.

Кина веднаш испратила тим на доктори да помогне во неговото лекување, а ги повикал еден од лекарите на Ким.

Дејли НК, со седиште во Сеул, претходно објави дека Ким заздравува по направената кардиваскуларната процедура направена на 12 април.

За неговата состојба се огласија и јужнокорејските власти кои соопштија дека нема невообичаени знаци во изолираната земја, како и тоа дека Ким ги спроведува вообичаените активности.

За потсетување, оваа недела низ светот се рашири приказната во американските медиуми, дека Ким Џонг Ун е во критична состојба по кардиоваскуларниот зафат. Поедини натписи дури истакнаа дека Ким можеби веќе е починат.

останати вести

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com