“СЕ СПРАВУВАМ КАКО ШТО ЗНАМ И УМЕАМ”: Жељко Самарџиќ првпат проговори за болеста

by Тони Зографски

Жељко Самарџиќ пред осум години дознал дека има проблеми со тироидната жлезда, поради што лекарите го советувале да го промени начинот на живот и да се посвети на своето здравје. Тој ги послушал и почнал повеќе да се грижи за себе, а сега зборува како се справува со болеста.
– Станува збор за автоимуна болест на тироидната жлезда која создава повремени проблеми, но штом почнам со редовни терапии, тогаш се е во ред. Секое утро пијам по една таблета и тоа е тоа. Жените најчесто се разболуваат од таа болест, но еве ми се случи и се справувам со тоа како што знам и умеам. Подоцна дознав дека многу мои пријатели имаат Хашимото синдром, а јас сум го имал долго време без воопшто да знам – изјави Жељко.

Беше интересен о имиџот, со мустаќите, за кои вели дека морал да ги избричи поради здравствени причини.

– Мустаќите ги нема, а можеби еден ден ќе се вратат. Беше интересно, а потоа имав некои проблеми со кожата, па ми пречеше бричењето. Сега кога ги гледам тие слики, морам да кажам дека прилично ме остареа – низ насмевка изјави пејачот.

останати вести