Се соблече гола поранешната сопруга на Борис Бекер и му испрати порака: Ако сака… (ФОТО)

by Тони Зографски

Лили Бекер (49), поранешната сопруга на тениската легенда Борис Бекер, повторно е во центарот на вниманието откако се соблече целосно гола за германското издание на списанието „Плејбој“!

Сексипилната Холанѓанка вели дека овие фотографии се чин на ослободување и самољубие за неа – и тоа во совршен момент.– Помислив: Остави сѐ, изгледам добро! – изјави таа за швајцарски „Блик“, нагласувајќи дека сакала да им испрати порака на сите жени дека се доволни само такви какви што се.

Она што особено привлече внимание беше времето на објавувањето, бидејќи фотографиите станаа јавни токму кога нејзиниот поранешен сопруг Борис Бекер ја промовираше својата затворска автобиографија. На прашањето дали станува збор за намерна провокација, Лили не сакаше директно да одговори, туку иронично се пошегува:– Ако сака, можам да му испратам потпишан примерок од списанието – рекла таа во интервју за „Плејбој“.На сликите, Лили позира во „банана“ стил на палуба на луксузна јахта, со зајачки уши и заводлив поглед. Таа им кажува на жените дека „имаат своја невидлива круна и дека треба да ја носат гордо и со самодоверба“, а ако некогаш ја изгубат – едноставно да ја вратат.– Секоја жена е кралица, дури и кога никој не ѝ го кажува тоа – рече поранешната ријалити ѕвезда.Лили, која се пресели од Лондон во Дизелдорф оваа година со својот 15-годишен син Амадеус, тврди дека ова е почеток на нова фаза во нејзиниот живот.– Сега имам 49 години. Не сакав да го правам ова во моите педесетти години. Се борам и работам цела деценија. Сакав да ги завршам моите четириесетти години со стил. Сега сакам да уживам, а голата снимка за Плејбој е совршен почеток за сè што доаѓа – заклучи таа.

останати вести

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com