СЕ РАЗВЕДУВА ТУНА СЕЈДИУ: Пропадна и вториот брак на пејачката (ФОТО)

by Тони Зографски

Веќе на големо низ чаршијата во Скопје се зборува дека пејачката Туна Сејдиу се развела од сопругот Патрис Бериша, објави „Убавина и здравје“.

Како што се зборува, бракот помеѓу пејачката и музичарот од Косово подолго време не функционирал, па Туна била таа која се решила да стават крај на нивната љубовна романса.

Од бракот, тие ги имаат двајцата синови Тиан и малиот Зен.

Инаку ова на Туна и беше втор брак. Таа пред неколку години првпат се омажи за бизнисменот Рилинд Река, но бракот помеѓу нив траеше кратко.

останати вести

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com