“СЕ ПРОДАВА КРЕВЕТОТ НА КОЈ ПОЧИНА УСНИЈА РЕЏЕПОВА“: Бизарен оглас кружи на интернет

by Тони Зографски

Уснија Реџепова беше една од најголемите музички ѕвезди на седумдесеттите и осумдесеттите години во екс Југославија. Со години, Уснија беше среќна мажена со хармоникалистот Светомир Шешиќ Шеле, и заедно се здобија со вистинско богатство.

По нејзината смрт, бидејќи немаа деца, нивните најблиски роднини наследија сè што остана по двајцата, а сега ја шокираа јавноста со нехуман потег.

Имено, на еден профил на социјалната мрежа Фејсбук е објавен оглас во кој се продаваат антиквитетите на Уснија Реџепова, како и нејзиниот омилен клавир. Тоа што е најбизарно е дека на истиот тој оглас е наведено дека се продава и креветот на покојната пејачка, на кој таа починала.

Огласот со денови кружи на интернет, а секој што сака да ја дознае цената на овие предмети мора да му се обрати на агентот за продажба.

останати вести