Се ожени со баба му за да не оди во војска (ФОТО)

by Тони Зографски

За да не оди во војска Александар Кодратјук (24) од Украина се оженил со својата 81-годишна болна роднина Зинаида. Украинските медиуми објавија дека младиот човек рекол дека има силни чувства кон неговата 57-години постара баба и негирал дека свадбата е начин да се избегне војската.

Инаку, бабата тврди дека тој е добар сопруг, но соседите велат дека Александар скоро никогаш не е во селото, дека за бабата се грижат нејзините внуци и дека се појавува само кога надлежните регрутираат нови регрути .

На „хартија“ сè е чисто и младиот човек е навистина сопруг на беспомошната баба л, а има регистрирано живеалиште на адреса со сопругата.

Сепак, адвокатите ја советуваат украинската војска да ги собере сведочењата на соседите и да го тужи.

– Ако докажат дека нема брак, дека нема заедничка економија, можат да го повикаат во војска – рекол адвокатот Роман Корчењук.

останати вести

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com