Никол Шерцингер се појавила на улиците на Манчестер откако деновиве ги загрижи своите обожаватели. Имено, славната пејачка, која моментално е на европска турнеја со групата „Пусикет Долс“ минатиот викенд доживеала несреќа со врела вода, при што се здобила со сериозни изгореници на нозете.
Сега славната пејачка (48) се појавила во кратки велосипедски хеланки и спортски градник, кога камерите ја снимиле. Излегувала од хотелот и давала автограми, носејќи црна бејзбол-капа и очила за сонце, а темната коса ѝ била собрана во опавче, при што храбро ги покажала повредите на нозете.

Минатата недела Никол објави фотографија од своите изгореници само еден ден по инцидентот. Имено, славната пејачка се здобила со изгореници и плускавци по ногата откако врз неа се истурила врела вода, само еден час пред настапот во Дизелдорф минатиот викенд.

Иако инцидентот се случил непосредно пред концертот, таа одлучила да настапи, порачувајќи дека „шоуто мора да продолжи“ („show must go on“).

„Ништо како врела вода што ќе ти се истури по ногата еден час пред настап – но концертот мора да продолжи. Ви благодарам, Дизелдорф, што ме поддржувавте. Се гледаме наскоро во Амстердам“, порачала Шерцингер.
