Сведоштво за несреќата на автобусот: “Кога се разбудив, слушнав вриштење“ (ФОТО)

by Тони Зографски

“Кога “Се разбудив, слушнав вриштење, видов луѓе со крвави глави и раце и слушнав дека некој е мртов”, рече патник од Битола, што беше во македонскиот автобус на линијата Битола-Виена, кој се преврте во Лесковац.

“ Не знам кој ги  повикаа брзата помош  и полицијата, но за брзо време пристигнаа неколку амбулантни возила, а лекарите влегоа во автобусот. Тие веднаш ни дадоа помош. Тогаш пристигнаа пожарникари, мислам дека дојдоа од Лесковац, и  сите заедно не извлекоа од автобусот“ – додаде младиот битолчанец кој ја повреди раката во несреќата. Тој исто така раскажа дека во автобусот главно биле млади луѓе кои патувале на работа во Виена и никој не знае како дошло до несреќата, бидејќи речиси сите патници спиеле.

Инаку, во оваа страшна сообраќајна несреќа, тројца македонски државјани загинаа, а 32 лица се повредени.  идентификувани се две од трите лица загинаат Министерството за надвореши работи добило потврда дека станува збор за 68 годишен маж од село Бучин, Крушево со иницијали В.Ш и 68 годишна жена од Кочани со иницијали К.К.

останати вести

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com