САНДРА БУЛОК ОТКРИ ОД КОЈА УЛОГА СЕ СРАМИ: Непријатно ми е што глумев во тој филм (ВИДЕО)

by Тони Зографски

Сандра Булок откри дека жали што некогаш го направила Speed ​​2.

„Има еден филм во кој сè уште ми е непријатно што глумев. Се вика Speed ​​2“, рече таа во интервју за TooFab. „Го критикував тој филм. Нема смисла. Тоа е бавен брод што полека оди кон островот“, рече Булок.

Во истото интервју со неа учествуваше и нејзиниот колега Даниел Редклиф, со кој глуми во новиот филм „Изгубениот град“. Тој додаде дека е љубител на филмот од кој Сандра денес се срами. „Тој и уште пет други 12-годишници кои го гледаа бавниот брод како полека оди кон малото островче“, се пошегува потоа Сандра.

„Брзина 2“ е филм од 1997 година кој беше продолжение на култниот оригинален „Брзина“. Филмот го режираше холандскиот режисер Јан де Бонт, а главните улоги заедно со Сандра ги толкуваат Џејсон Патрик и Вилем Дефо. Филмот помина многу лошо и кај критичарите и кај публиката и беше номиниран за осум Златни малини, а ја освои и наградата за најлошо филмско продолжение.

Киану Ривс, кој глумеше во оригиналниот Speed, одби да глуми во продолжението бидејќи оценил дека нема потенцијал за понатамошен развој на таа приказна.

останати вести