САМО ЗА ЖЕНСКИ ОЧИ: Рамос, Модриќ и Васкез вежбаа полуголи (ФОТО)

by Тони Зографски

Навивачите на Реал Мадрид, главно женскиот дел воодушевено ја погледнале објавата на Рамос на социјалните мрежи. Стоперот и капитенот на Реал, Серхио Рамос со своите следбеници споделил фотографија со двајца соиграчи, Лукас Васкез и Лука Модриќ како во долна облека позираат, а тоа дефанзивецот на Реал го опишал како „закрепнување“.

Фотографијата за три дена доби над еден милион лајкови, но се издвои коментарот на некогашниот играч на Реал, Матео Ковачиќ,

„Мајко мила“ – напиша Ковачиќ кој во приватниот живот е пријател со Рамос.

 

останати вести